Македонија

Линеарното зголемување на пензиите не е укинато, реагираа од Уставен суд

Уставниот суд ова соопштение првично го објави откако премиерот Христијна Мицкоски во четвртокот на седницата за пратенички прашања од собраниската говорница рече дека Судот веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии.

Уставниот суд реагира со ист одговор по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски на 27 ноември. Овој одговор го упати и до пензионерите што се собраа пред зградата каде што се наоѓа Судот за да протестираат против можноста од укинување на линеарното зголемување на пензиите.

  • „Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување)“, се вели во соопштението од Уставен.

Оттаму укажуваат дека на 24. седница што се одржа на 19 ноември, Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж за уставноста на членот 2 од Законот, но дека сè уште во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот.

По ова, како што рекоа од Уставен на 27 ноември, ќе следува конечна одлука. Од Судот тогаш посочија дека јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.

Во врска со тоа дали е поведена постапка за сите линеарни покачувања што досега им се исплатени на пензионерите, од Уставен информираа дека Судот нема да ги преиспитува одредбите што го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2 500 денари, кои се исплатени во септември 2024 и март 2025 година.

  • „На седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што тие беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет“, беше наведено во соопштението од Уставен, на кое се повикаа и денеска.

Уставниот суд ова соопштение првично го објави откако премиерот Христијна Мицкоски во четвртокот на седницата за пратенички прашања од собраниската говорница рече дека Судот веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top