Спорт

„Страшна“ група за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Актуелниот првак Магдебург, најуспешниот учесник Барселона, клубот со најголем буџет Пари Сен Жермен, како и ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Висла и Загреб се противниците на Еурофарм Пелистер во нивното трето учество во низа во ракометната Лига на шампионите. Како и во минатата сезона, македонскиот шампион во групата Б ќе стартува против ПСЖ, но овојпат во […]

Актуелниот првак Магдебург, најуспешниот учесник Барселона, клубот со најголем буџет Пари Сен Жермен, како и ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Висла и Загреб се противниците на Еурофарм Пелистер во нивното трето учество во низа во ракометната Лига на шампионите.

Како и во минатата сезона, македонскиот шампион во групата Б ќе стартува против ПСЖ, но овојпат во Битола на 10/11 септември, по што оди во Барселона, па го пречекува ГОГ, потоа ќе гостува во Плоцк, па дома со Загреб, на гости во Магдебург и во Битола доаѓа ПИК Сегед, од кој ќе почнат реваншите.

Ждрепката во групата А ги смести Олборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Кјељце, Нант, Спортинг, Динамо Букурешт и Колстад.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top