Свет

Иран бара од соседите да му продадат – вода

Во последниве години, експертите забележаа значително намалување на врнежите од дожд, додека сушите и другите екстремни временски услови се зголемија.

Иранската влада планира да купува вода од соседните земји поради сушата во земјата.

„Ако некоја земја е подготвена да продава вода, ние ќе ја купиме“, изјави министерот за енергетика Абас Алиабади, според новинската агенција Фарс.

Повеќето соседни земји на Иран, исто така, страдаат од суша и недостиг на вода, вклучувајќи ги Ирак, Авганистан и пограничните региони на Пакистан.

Од друга страна, Ерменија на север има релативно поголеми резерви на вода.

Иран е една од најсушните земји во светот. Во последниве години, експертите забележаа значително намалување на врнежите од дожд, додека сушите и другите екстремни временски услови се зголемија.

Со години, експертите предупредуваат дека земјоделството во Иран страда од погрешни стимулации. Наместо да се прилагоди на условите на недостиг на вода, се субвенционираат културите што бараат многу вода .

Иран шеста година по ред доживува суша, напиша експертот на ОН, Кавех Мадани, во бизнис списанието „Форбс“.
Тој верува дека климатските промени се делумно виновни, но долгогодишното лошо управување е исто така клучен фактор.

„Она што го доживуваме денес повеќе не е криза со водата, туку „банкрот на водата“ – неуспех на систем кој, во текот на долг временски период, повлекувал повеќе вода отколку што природата можела да надокнади“, напиша тој во статијата.

Мадани повика на преиспитување и радикални заштеди во земјоделството, кое сочинува речиси 90 проценти од потрошувачката на вода во Иран.

Најнови вести од: Свет

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, ужасно е тоа што си го прават самите

Според американскиот претседател, кој е во зборовна војна со лидерите на носечките европски земји, пред се, поради ситуацијата со Гренланд, „некои делови од Европа денес се непрепознатливи„. „Ја сакам Европа и сакам таа да оди во вистинската насока, но не оди.“ – посочи Доналд Трамп.

To top