Македонија

Државата продава 5 стана на Груевски, три се со кралска големина и цена (ВИДЕО)

Трите од петте стана на екс премиерот Груевски се со неверојатна големина, луксуз и цена, некои имаат вредност близу 900 илјади евра или по над 4000 евра за квадрат.     Луксузни станови кои биле во сопственост на екс премиерот Никола Груевски вредни околу 2,5 милиони евра, се огласени за продажба. Како што објави Фокус, […]

Трите од петте стана на екс премиерот Груевски се со неверојатна големина, луксуз и цена, некои имаат вредност близу 900 илјади евра или по над 4000 евра за квадрат.

 

 

Луксузни станови кои биле во сопственост на екс премиерот Никола Груевски вредни околу 2,5 милиони евра, се огласени за продажба. Како што објави Фокус, а пренесува Канал 5 станува збор за станови на Груевски кои биле конфискувани во случајот Плацеви на Водно, три од становите кои се ставени на продажба се наоѓаат во луксузниот комплекс Панорама на Водно, а два на Бихаќка, место каде Груевски живееше пред да побегне од државава.

 

Според, официјално објавените податоци,  на страната на Агенцијата за управување со одземен имот, може да се види оглас на којнсњ гледа вредноста на становите:

 

На улица Тодор Александров во Скопје, се нудат, еден стан со внатрешна површина од 199 метри квардатни и помошна прсторија или балкон од 48 метри квадратни со проценета вредност од 847 илјади евра.

 

Вториот стан, на истата адреса, е со големина од 155 метри квадратни, и помошни простории со површина од 95 метри квадратни, по цена од речиси 760 илјади евра.

 

И третиот со најголема квадратура од 200 метри квадратни, на истата локација со помошни простории од 48 метри квадратни се нуди по цена од нешто на 850 илјада евра.

 

На иститот оглас на страната на агенцијата, кој е објавен пред три дена, меѓу другото се нудат и два стана на улица Биххачка во Кисела Вода, едниот од 57 метри квадратни, а другиот 38. Поголемиот по цена од 63 а помалиот по цена од речиси 44 илјади евра.

 

Во огласот се наведува дека согласно законот, во наддавењето може да учествуваат сите заинтересирани, но не и брачен или вонбрачен другар, како и роднини на осуденото лице или лицето против кое се водела судска или прекрошна постапка. Во март годинава имаше иземни во законот за управување со одземен имот, со кој се забранува учество на јавните аукции од страна на членови на смејество на пораншените сопственици. Законските измени беа направени по критиките во јавноста откако претходно дел од имотот на екс диркеторот на УБК Сашо Мијалков, беше купен од неговиот син, што предизвика потреба од правни измени за да се спречи враќање на веќе одземениот имот кај осудени лица или нивни блиски.

Сторијата на Канал 5

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

To top