Македонија

Томовски: Ќе има тужба, ако нема извинување од СДСМ

Додека зборуваат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес-конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели ‘држете го крадецот’

Очигледна е намерата на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Тој најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ ако партијата не се извини за обвинувањата дека наводно негова семејна фирма од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ добила вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.

„Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на СОЗР. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, напиша Томовски во објава на Фејсбук

Во објавата додава дека  тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас.

„Додека зборуваат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес-конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели ‘држете го крадецот’. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана. Тоа беше нивното ‘владеење’ – период на пропаѓање што остави длабоки последици врз општеството и врз довербата во институциите“,вели Томовски.

„Тоа беше нивното „владеење“ – период на пропаѓање што остави длабоки последици врз општеството и врз довербата во институциите“ додава Томовски во објавата..

„Но денес ги гледаме нивните соопштенија – безобразни, малициозни, полни со клевети и измислици. Тој нивен примитивен стил не е политика, туку обид со гнасни конструкции да се прикрие сопствениот очај. Да се прикрие неспособноста која ја видовме седум години. Да се прикријат предавствата што им ги направија на граѓаните. Да се прикрие корупцијата која го изеде секој сегмент од државата — од пасоши до тендери, од енергетика до здравство, од локални до централни институции.

Нема со гнасни соопштенија да покријат дека токму тие ги уништија македонските институции“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top