Регион

Судиите се крстат – Два пати осуден наместо в затвор ќе го гледаме во српско жири (ВИДЕО)

Топли поздрави и бакнежи меѓу Боки 13 и луѓето што почнаа војна со премиерот Мицкоски

Искусен македонски судија кој инсистира на анонимност укажува дека во хаосот на македонското правосудатво ни се случува нов резил.

Судијата забележува дека двојно осудениот криминалец Бојан Јовановски кој е ослободен од служење затворска казна поради здравствени причини се појавил на прес конференција во Белград со повеќе српски пејачи.

Меѓу членовите на жирито кои учествуваат на прес конференцијата се и Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Мирковиќ кои предходно  влегоа во остар судир со македонските власти и директно го обвинија премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот во Кавадарци.

На објавеното видео се гледа како Јовановски се поздравува со сите а со Лукас разменува бакнежи.

Лукас и неговиот менаџер Мирковиќ кој е сопственик на проектот каде Боки 13 е член на жирито заедно со луѓето кои предходно го навредуваа македонскиот премиер.

Откако српскиот пејач беше уапсен во Кавадарци тие почнаа медиумска војна со премиерот Мицкоски обвинувајќи го дека наместо да се занимава со состојбите во својата држава,  ги лечи своите комплекси преку пејачот и менаџерот.

Боки 13 во Октовмри од Основниот кривичен суд во Скопје доби нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години.

 

Наместо затвор за две кривични дела, Рекет и Меѓународен Сојуз, тој слободно шета низ светот облечен во луксузна гардероба а сега ќе учествува и во жири.

Судијата кој го забележува случајот прашува како Боки 13 ќе издржи за време на снимањето кое понекогаш  трае 18 часа на ден што е тешко да го издржи и здрав човек а не човек за кој македонски лекари тврдат дека е во тешка здравствена состојба поради што не може да седи во затвор.

Обвинителството никогаш не ги најде парите од случајот ,,Рекет” во висина од 1,5 милиони евра за кои цела нација виде дека бизнисменот Орце Камчев им ги предаде на Бојан Јовановски и Зоран Кичеец.

Топлите поздрави и бакнежи меѓу Аца Лукас и Боки 13 во видеото

 

 

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top