Македонија

Партијата на пензионери ја напушта коалицијата со СДСМ

Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт. – Ние, како […]

Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт.

– Ние, како Партија на пензионери, досега бевме во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор, расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколкумина се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт – изјави Николовски.

За претстојните локални избори, партијата ќе настапи со свои советнички листи во Штип, Делчево и во Пехчево, додека во општина Карбинци ќе има и сопствен кандидат за градоначалник.

– Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, ќе бараме во Делчево, во Пехчево – додаде Николовски.

Според него, очекувањата се за зголемена активност и за вклученост на членството, како и за добивање поголем број советнички места во општините. На државно ниво, партијата ќе бара и учество во извршната власт, преку министерски позиции и преку директорски функции.

Најнови вести од: Македонија

Нов систем на плати, вработувања и одговорност – Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Пратениците во Собранието ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба. Со 61 глас „за“ и 12 „против“ се донесе законот за судска служба.

Скандал во психијатриската болница „Демир Хисар“ – криминалци го злоупотребиле системот

Дури 20 осуденици за кривични дела, кои се наоѓаат во психијатриската болница Демир Хисар, не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но таму завршиле изигрувајќи го системот и судовите преку коруптивни вештачења за наводно нарушено здравје, констатирал Народниот правобранител.

To top