Бизнис

МРТ интервју: Коридорот 8 еден од најголемите инфраструктурни проекти во Македонија, вели проектниот менаџер на „Бехтел и Енка“

Коридорот 8 е еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, со цел поврзување на клучни градови и региони. Активно се работи на делниците „Тетово-Гостивар“, „Гостивар-Букојчани“, „Прилеп-Битола“. Јавниот сервис, МРТ, е првата телевизија која ја возеше оваа траса за време на градежните активности.

Коридорот 8 е еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, со цел поврзување на клучни градови и региони. Активно се работи на делниците „Тетово-Гостивар“, „Гостивар-Букојчани“, „Прилеп-Битола“. За тоа како до сега течат работите на терен, но и како оди поставувањето на мостовите, Македонската Радио Телевизија направи обиколка по овие важни делници за македонската економија.

Новинарот Борис Грујоски разговраше со Главниот проектен менаџер на конзорциумот „Бехтел и Енка“, Џош Бејкер.

Јавниот сервис, МРТ, е првата телевизија која ја возеше оваа траса за време на градежните активности.

Целото интервју погледнетего на следниот линк.

Најнови вести од: Бизнис

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

НБРМ: Клучен предизвик е прифаќањето на електронски плаќања кај малите бизниси

И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето на електронски плаќања кај малите трговци останува ограничено и претставува еден од најголемите предизвици за платниот систем во земјава, истакна вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски.

Народна банка ја задржа стапката на противцикличниот капитален заштитен слој на 2%

И покрај солидната кредитна активност во економијата, Народната банка оцени дека нема потреба од дополнително затегнување на макропрудентната политика и одлучи стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот да остане на ниво од 2 проценти.

ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега-проект за когенеративна централа „РЕК Битола 1“

Во Владата свечено беше потпишан Договор за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Со овие средства официјално започнуваат подготвителните активности за реализација на големиот проект за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. На свеченоста, покрај претставниците на Светска банка и АД ЕСМ како директни потписници, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

To top