Свет

Трамп му даде рок на Зеленски да го прифати мировниот план

Три извори запознаени со ситуацијата велат дека европските влади и неколку високи американски конгресмени очајнички се обидуваат да ја убедат Белата куќа да забави

Додека Украина се подготвува за тешка зима, се појавува закана што многумина ја сметаат за уште поопасна: американскиот претседател – во голема брзина – ѝ постави рок на Украина да постигне договор со Русија до крајот на годината.

Европските лидери започнаа итна дипломатска контраофанзива за да го спречат Доналд Трамп да ѝ наметне на Украина, како што стравуваат, избрзан мировен договор што му оди во прилог на Кремљ. Главните европски престолнини, од Берлин до Париз, гледаат на тој рок што Трамп сам си го поставил како директна предност за Москва, пишува „Киев Пост“.

Грижата што се шири во Берлин, Париз и другите европски центри на моќ се сведува на едноставна логика: премногу брзината, во овој случај, може да значи капитулација.

„Ова не е дипломатија со рок – ова е подарок за Кремљ“, изјавил за „Киев Пост“ еден западен функционер запознаен со европската позиција, додавајќи: „Русите го разбираат политичкиот часовник на американскиот претседател подобро од кој било друг.“

Друг западен дипломат, кој сакал да остане анонимен, бил уште поостар: „Москва ја гледа шансата. Трамп гледа победа за себе. Европа е заглавена по средината.“

Три извори запознаени со ситуацијата велат дека европските влади и неколку високи американски конгресмени очајнички се обидуваат да ја убедат Белата куќа да забави. Сè повеќе се зацврстува уверувањето дека Русија вешто ја користи искрената желба на Трамп за брзо решение на конфликтот.

Се стравува дека Кремљ го користи притисокот на Трамп за брза надворешнополитичка победа пред влегувањето во втората година од неговиот мандат, а претседателот, наводно, приватно сигнализирал дека сака ова да се затвори до Нова година.

Дополнителна неизвесност внесува и тоа што соработниците во Белата куќа веруваат дека специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, ќе си замине на почетокот од следната година, а самата функција на специјален пратеник би можела да исчезне до јануари.

„Сите знаат дека Трамп сака ова да биде завршено до Нова година“, рекол еден западен функционер. „Тоа само по себе му дава предност на Путин – предност што не смееме да ја дозволиме.“

Најновиот потег на администрацијата – да му даде на Киев само неколку дена да одговори на американскиот предлог-рамка од 20 точки, со рок до Божиќ – предизвика остра реакција на Капитол Хил. Конгресмени јавно изразуваат страв дека Вашингтон ја притиска Украина да прифати отстапки што Русија ги бара уште од почетокот на инвазијата.

Сенаторот Крис Ван Холен ги осуди кратките рокови како „погрешни и контрапродуктивни“, истакнувајќи дека „луѓето не треба да се ставаат под временски притисок кога ја бранат својата слобода и суверенитет“. Неговиот колега Крис Кунс смета дека временските рамки „не помагаат во постигнување решение“.

Републиканците, пак, се поделени. Конгресменот Брајан Фицпатрик ја бранеше итноста, велејќи дека роковите „ги тераат луѓето да седнат на маса“. Дон Бејкон, пак, беше многу поотворен, предупредувајќи дека Трампова брзање носи ризик од „наградa за агресорот“.

„Притисокот врз Украина да се откаже од уште територии е погрешен и само го наградува оној што напаѓа. Дури и да ѝ се даде повеќе земја, ништо нема да го спречи Путин да го повтори истото“, напиша Бејкон на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top