Македонија

Валчев за неуспехот во ЕП: Видовме дека земја-кандидат може да добие многу подобар третман

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, поднесувач на амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, не престанува да жали за неуспехот да се наметне волјата на неговата земја-членка на Европската унија против соседот-кандидат. „Видовме дека позицијата на земја-членка не ни гарантира прифаќање на нашиот став. Во моментов, […]

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, поднесувач на амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, не престанува да жали за неуспехот да се наметне волјата на неговата земја-членка на Европската унија против соседот-кандидат.

„Видовме дека позицијата на земја-членка не ни гарантира прифаќање на нашиот став. Во моментов, гледаме дека земја-кандидат може да добие многу подобар третман, додека нашата земја се третира како да сме ние тие што мора да попуштат и да добијат помалку отколку што сакаат за своите позиции. Работите се измешани долго време“, се пожали Валчев пред Бугарската телевизија (БТВ).

„Огромен број од нашите амандмани не беа вклучени за време на работата на извештајот, кога едно мнозинство што се формираше во рамките на групата што работеше на извештајот едноставно ги уништи. Не обвинуваме, туку го констатираме фактот дека РСМ успеа да ги привлече унгарските европратеници од партијата Патриоти за Европа на своја страна во овој момент. Не можеме да ги обвинуваме другите земји за поставување одредени цели, работа кон нив и нивно постигнување. Големото прашање е што прави нашата земја, што правела во минатото и што ќе прави во иднина за да има иста моќ и да се фали со истиот успех“, додаде членот на ЕП од Има таков народ на Слави Трифонов.

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

To top