Македонија

Андовска до Филипче: Молчи бе таму, сокриј се!

Професорката и деканка на ФМУ му реплицира на лидерот на СДСМ за обвинувањата на власта за понижување со мигрантите

Деканката на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, го коментира на Фејсбук интервјуто на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за ТВ Сител, во кое уште еднаш ја обвини власта за наводна согласност за прием на мигранти од Велика Британија, нарекувајќи го „понижување“.

Филипче, на (сега за сега) измишљотини, рече: ‘Вакво понижување не сме доживеале никогаш’.

Уставното име ни го сменија.
Мора сите да ги коригираме дека сме Македонци, а не тоа на ‘с’.
214 пасоши за тешки криминалци дадоа неговите.
Дискутираме со едни добри соседи за работи за кои не се дискутира: нашиот јазик, историја, идентитет,
ама, АМА
‘Вакво понижување не сме доживеале никогаш’ 🥴
Ќути бре таму, сокриј се“, му порача професорката на Венкота.

Најнови вести од: Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top