Македонија

“Правниот експерт“ Османи контра правната Венецијанска комисија: Законот за правична застапеност не може да го замени балансерот!

Бујар Османи со „хирургиска прецизност“ „експертски“ ги констатира „слабостите“ на новиот закон за правична и соодветна застапеност, кои правните експерти од Венецијанската комисија не умееле да ги согледаат како тој, толку јасно што „аргументира“ со дури 7 „бидејќи“ поради ова, бидејќи поради она… Можеби од Венецијанската комисија ќе треба да размислат за отворање своја експозитура со шалтер во тетовска мала Речица…

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи реагираше по објавата дека Предлог-законот за фер и соодветна застапеност добил позитивно мислење од Венецијанската комисија, објави ТВ21. Османи вели дека „овој предлог-закон не може да го замени механизмот за балансирање“, бидејќи според него, „има неколку недостатоци“.

Телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Османи во овој контекст: „Зошто новиот закон за „фер и соодветна застапеност е слаб и не може да биде замена за балансерот: бидејќи повеќе не е задолжителен, туку ориентирачки; бидејќи не дејствува автоматски, туку зависи од волјата на администрацијата; бидејќи не го блокира донесувањето одлуки кога е нарушена застапеноста, туку само ја евидентира; бидејќи не дејствува ex ante туку ex post; бидејќи не создава директни правни последици за непочитување; бидејќи ја поместува еднаквоста од закон во јавна политика; бидејќи дозволува толкување, одложување и релативизација; бидејќи не гарантира вистинска застапеност, туку управување со застапеноста. Балансерот функционираше затоа што не остави простор за импровизација. Овој закон остава само простор. А кога законот создава простор, нееднаквоста секогаш го експлоатира. Не треба да помине!“

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top