Македонија

Али Ахмети подготви „метла“ за „седум истрошени и компромитирани личности“ од врвот на ДУИ?! – А ќе има ли и за него и кога?!

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети подготви список на имиња, за кои се очекува да го напуштат раководството на партијата, отворајќи го патот за нови, професионални личности без негативен багаж. Меѓу првите, што заминуваат, се: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку и Реси Абдурахмани. Нивното заминување од раководната структура се смета како прв сериозен сигнал за длабока реформа и за изградба на пофункционална и подоверлива ДУИ. Долгото останување на овие луѓе во врвот на партијата создаде претстава за една затворена и крута структура, неспособна за реформи и да им понуди надеж на гласачите, особено на младите.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, изнесувајќи сознанија за наводна можна чистка во раководството на ДУИ, која би се извршила на нејзиниот конгрес, закажан за 20 декември 2025 година.

Се очекува 20 декември да биде решавачки датум за ДУИ. Или зелено светло за преродба и длабока реформа, или црвено светло, што ќе го потврди продолжувањето на политичкиот пад. По тешкиот пораз на локалните избори ДУИ се наоѓа пред историски тест, при што коренитите промени во тесната раководна структура се претставени како главен услов за преживување и силно враќање. – нагласува „Тетова сот“ во својата информација со наслов „ДУИ пред историски тест: првите 7 имиња на личности од претседателството, кои ќе ги отстрани Али Ахмети на 20 декември?“.

Повикувајќи се на свои извори на информации, порталот натаму пишува: Иако Али Ахмети ќе продолжи да ја води партијата што произлезе од војната, порталот Тетова сот дознава дека тој, како лидер на ДУИ, сфатил дека е невозможна вистинската реформа без отстранување на истрошените и компромитирани личности во очите на јавното мислење. Токму овие личности, со својата политичка долговечност и повторувани постапки, ѝ нанеле сериозна штета на претставата за партијата во јавноста. Оваа листа не е конечна.

На 20 декември се очекува широк бран разрешувања и реорганизирања, при што многу други личности ќе бидат заменети со нови кадри, политички непотрошени и со јавна доверливост. Се очекува Али Ахмети да интервенира во партиските ограноци, каде што ќе се прават промени во раководството. Се очекува неколку сегашни претседатели на ограноци да бидат заменети со нови личности, за да се врати ДУИ како доминантна сила на претстојните избори и како партија што ќе зрачи надеж, нова енергија и политичка доверливост. – објави „Тетова сот“

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува дека се работи веројатно за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје. До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на Денион Мејдани во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top