Регион

Милановиќ се надева дека ЕУ нема да пропадне како СФРЈ и СССР поради наметнување едноумие

Хрватскиот претседател се плаши дека Европската унија оди по стапките на Југославија и на Советскиот сојуз

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на посетата на Словачка откри дека е истомисленик со својот словачки колега Петар Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо, „но, тоа не значи дека денес сите во Европа мислат исто“.

„Постои една тенденција да се убедуваат луѓето, а ако не оди добро, од тоа многу брзо се откажуваат, па потоа се оди на сила за сите да размислуваат исто, а тој филм веќе сме го виделе. Поради тоа пропаднаа Југославија и Советскиот сојуз. Се надевам дека нема и Европската унија“, рече Милановиќ на средбата со претставниците на хрватското малцинство во Словачка.

„Не можат сите да се однесуваат на ист начин, а заедничките демократски вредности се прашање на толкување“, додаде тој.

Најнови вести од: Регион

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top