Македонија

40 предмети за СДСМ и ДУИ биле заташкувани во Обвинителството на чело со Коцевски, тврди Петрушевски

Според Петрушевски, оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава

Со оставката на јавниот обвинител Љупчо Коцевски се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тоа е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДСМ и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.

Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив. Ова е почеток на демонтажа на заробените од СДСМ и ДУИ институции. Дали преку обвинител кој има некакви релации или пак директни релации, се координирале меѓусебно, додека ги штитеше криминалците од СДСМ и ДУИ? Дали затоа и чекаше оставката да биде на последниот ден кога ќе биде разрешен за да им купи време на неговите наредбодавци? Исто така, дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат преку 40 случаи на висока корупција против корумпираните функционери на СДС, ДУИ и други партии? – праша Петрушевски и додаде дека ова е почеток на вистинска, неселективна правда.

Според пратеникот, фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира овој момент да биде преточен во конкретни и суштински реформи кои ќе обезбедат независно, професионално и департизирано обвинителство, во интерес на граѓаните и владеењето на правото.

Најнови вести од: Македонија

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес

АСОМ: Законот за игри на среќа треба да се повлече и да се изработи ново решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) оценува дека јавната расправа во Собранието за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри покажала дека предложеното законско решение содржи сериозни недостатоци и дека е потребно негово целосно повлекување и изработка на нов закон.

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.

To top