Македонија

Граѓаните се’ повеќе користат инвертери за затоплување

Природниот гас, кој долго време се сметаше за „подобра“ алтернатива во однос на другите фосилни горива, сè повеќе го губи приматот како долгорочно решение за затоплување на домакинствата

 

Инвертер климите стануваат најчесто користено технолошко решение за модерно загревање и ладење на просторот, покажуваат анализите што ги изготви Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест -Скопје.

Тие уреди ја користат топлината од воздухот и ја трансформираат во енергија со значително повисока ефикасност, три до пет пати поголема во однос на системите со природен гас. Резултатот е многу пониска потрошувачка и значителни заштеди во текот на годината. 

Во комбинација со соларни панели, трошоците дополнително се намалуваат, што ја прави оваа технологија уште поисплатлива.

„Инвертер клима уредите секогаш ќе бидат на прво место, пред секој друг извор на топлинска енергија. Причината за тоа е нормално еколошкиот аспект, потоа доаѓаат ценовните аспекти, односно трошоците за загревање, начинот на одржување, начинот на работа, како и безбедноста на граѓаните при користење на тие уреди.

Така што инвертер климите секогаш ќе бидат на прво место, пред користење на природниот гас во делот на производство на топлинска енергија во загревање на домаќинствата“, вели Драган Миновски, експерт за енергетика за ТВ24. 

Тој оцени дека зголемениот интерес за користење на инвертер клими пред сè се должи на намалените трошоци за загревање, со оглед на економските услови во државата. 

Дополнително, како што посочи, расте и свеста кај граѓаните за влијанието на изворите на топлина врз животната средина.

Покрај економските придобивки, овие системи имаат јасни еколошки предности: намалени емисии, намалена зависност од фосилни горива и подобар квалитет на воздухот дома и во околината.

Природниот гас, кој долго време се сметаше за „подобра“ алтернатива во однос на другите фосилни горива, сè повеќе го губи приматот како долгорочно решение. Неговата цена е непредвидлива и силно зависна од меѓународните кризи, додека оперативните и почетните трошоци (како приклучување, сервисирање и одржување) често се повисоки од очекуваното.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top