Бизнис

Владата од 1 јануари ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка, паралелно со онаа од ССМ

В понеделник ќе заседава Економско-социјалниот совет и повторно ќе одлучува за зголемување на минималната плата. За сега извесно е само дека до крајот на март минималната плата ќе порасне до две илјади денари, како законско усогласување. Синдикатите не отстапуваат од барањето за 30 илјади минималец, но бизнис секторот е на став дека стопанството, посебно трудоинтензивните дејности не се во кондиција да издржат таков финансиски товар.

Владата од 1 јануари ќе ја пресметува просечната потрошувачка кошничка паралелно со синдикатите кои пресметуваат минимална синдикална кошничка, откриваат од Владата. Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, иако пресметката е за четиричлено семејство, ќе има пресметка на просечна потрошувачка кошничка за двочлено и за трочлено семејство, кошничка на ниво на цела држава при што би биле земени предвид повеќе параметри. Меѓу нив, Ристески ги спомна цените од најголемите супермаркети, цените на основните прехрабени производи, цени од различни региони од земјата и цените на овошјето и зеленчук карактеристични за дадениот период од годината.

Воедно, на оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември.

  • Една од точките ќе биде секако пресметувањето на просечната потрошувачка кошничка, којашто беше дадена на увид на синдикатите и работодавачите да ја видат, доколку ја одобрат. Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард – вели Ристески.

Прашан кои параметри ќе бидат земени при пресметката на новата просечна потрошувачка кошничка, Ристески вели дека ќе се земаат цените од најголемите супер маркети.

  • Па, видeте, ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, вели Ристески.

Тој додаде дека ова нема да биде единствена кошничка која  за првпат ќе се пресметува од официјална институција.

  • Понатаму планираме да се пресметуваат и други кошнички какошто е за двочлено, трочлено семејство, бидејќи оваа просечна ќе биде за најмалку за четиричлено семејство, потоа за пензионери итн. Тоа се понатаму ставови, коишто треба да ги разговараме и договараме во рамките на Економско-социјалниот совет – вели Ристески.

Што се однесува за минималната плата, Ристески посочи дека Maкeдонија има постојан Закон за пресметување на минимална плата.

  • Така да порамнувањето треба да се случи кон крајот на март, 31 март 2026 година. Меѓутоа ние сме секако отворени, транспарентни како Влада и Министерство за економија и труд, да ги послушаме и синдикатите и работодавачите. Доколку важи она што е предложено пред синдикатите и работодавачите, доколку се договорат за промена на постојната формула, за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме. Се додека не се договорат ние имаме Закон кој мора да го почитуваме и според тој Закон според пресметките зголемувањето на минималната плата треба да изнесува од 1.700 до 2.000 денари – рече Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустријан ерлајнс“, со што официјално почна да функционира новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

To top