Бизнис

Има 32.000 приматели на социјална помош, а 18.000 слободни работни места во секое време

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека работни места остануваат празни, вели во интервју за РСЕ Ѓоко Велсковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Тој зборува и доцнењето на социјалните исплати, дефицитот во ПИОМ и мерките за младите.

Ѓоко Велковски, заменик министерт за социјална политика, демографија и млади, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека ликвидноста на Фондот за пензиско осигурување може да се подобри со зголемување на бројот на работници на пазарот на труд. Тоа, како што рече тој одговарајќи на едно од прашањата, може да се направи со поголемо стимулирање на вработеноста кај неактивните приматели на социјална помош од дрќавата.

  • Според сите статистики што ги имаме, во Македонија сè уште има доволен број луѓе што можат да бидат вработени. Ќе дадам еден пример: во системот на социјална заштита денес имаме 32.000 семејства што користат гарантирана минимална помош. Семејства кои имаме баба, дедо, татко, мајка, ќерка син, кои во најголем дел тие се полнолетни и работоспособни како граѓани, вели тој.

Потенцијал има, но да го репрограмираме буквално системот во државата. Не може само Министерството за социјална политика да делува и да прави активни мерки. Потребен е заеднички ангажман на целата држава и другите министерства кои треба заеднички да направат оваа потреба на работна сила која годинава, според податоците, има околу 18.000 испразнети работни места и тој јаз може да се надомести и од други ресурси што со години биле оставени надвор од пазарот на труд, рече Велковски.

Фондот за ПИОМ веќе со години функционира со значителен трансфер на пари од државниот буџет, а за 2026 година се бараат дополнителни над 200 милиони евра. Дали дефицитот станува хроничен проблем?

  • Проблемот што го спомнавте – дали станува хроничен – имаме ситуации и за тоа не треба да бегаме. За ова јавно говориме и премиерот во неколку наврати го истакна тоа на седници на Владата дека денес сме доведени во ситуација да имаме еден пензионер на еден и пол вработен како статистичка бројка во Македонија. Повеќе на РСЕ.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

To top