Хроника

Преживеаниот во сообраќајката на автопатот кај Белград во кома

Шкелзен Авдиу се бори за животот, а загинаа неговата сопруга и возачот Назим Авдиу, објави оџата Бурим Јашари од Берлин

Шкелзен Авдиу, единствениот преживеан во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот А1 во Србија се наоѓа во кома во Ургентниот центар во Белград.

Во трагедијата кај населбата Умчари во близината на српскиот главен град загинаа возачот Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен Авдиу.

„Со длабока тага ја примивме веста за трагичната несреќа кај Белград, каде што Назим Авдиу и сопругата на нашиот брат Шкелзен Авдиу ги загубија животите, а Шкелзен Авдиу е во кома, во тешка здравствена состојба. Назим Авдиу беше близок член на мојата заедница, примерен, посветен молитвен човек, смирена и мудра личност почитувана од сите“, објави на Фејсбук оџата Бурим Јашари од џамијата „Јакуп Асипи“ во Берлин.

Трагедијата се случила претпладнево кога автомобилот „сеат“ со германски регистарски таблички излетал од коловозот, удрил во банкината и завршпил во сообраќаен знак.

Надлежен судија издал наредба за вршење обдукција на починатите, како и за вештачење на возилото.

Првичните претпоставки се дека возачот загубил контрола врз возилото поради замор, а не е исклучено и дека заспал на воланот.

Најнови вести од: Хроника

Фудбалер од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј

Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата.

Најнови вести

To top