Бизнис

Бугарија ѝ понуди мазут на Македонија за надминување на енергетската криза

По налог на премиерот Желјасков, шефот на дипломатијата Георгиев го дал предлогот во телефонски разговор со Муцунски

Среде кризната состојба прогласена во Македонија вчера, Бугарија му понуди на југозападниот сосед да му  доставува мазут додека не се нормализира увозот од Грција оневозможен од блокадите од тамошните земјоделци.

По наредба на премиерот во заминување Росен Желјасков, министерот за енергетика Жечо Станков изврши проверка на залихите на мазут во Бугарија, а инспекцијата утврди дека има доволни количини мазут за потребите на земјата, соопшти владината прес-служба.

Желјасков потоа го овластил министерот за надворешни работи Георг Георгиев да понуди мазут во телефонскиот разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски. Бугарската страна изрази подготвеност да помогне во обезбедувањето на потребните количини, почитувајќи ги техничките и логистичките можности.

За време на разговорот беше нагласено дека обезбедувањето помош е израз на добрососедство и солидарност и има цел да осигури енергетска безбедност и стабилност во регионот.

На Македонија мазутот ѝ е потребен за производство на електирчна енергија.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top