Македонија

Владата со засилено темпо ја спроведува реформската агенда, до јануари се очекува реализирање 8 од 12 клучни чекори

Тој истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, се доцни со дел од реформските чекори во реализацијата: околу 12 чекори требало да бидат завршени до овој момент

Премиерот Мицкоски информираше дека на последната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет  Антонио Кошта биле анализирани реформските чекори. При тоа премиерот Мицкоки изразил уверување дека најмалку осум од дванаесетте чекори ќе бидат реализирани до средината на јануари. По засилената работа, како што рече, Владата очекува да реализира 10 од 12 чекори, додека за двата, кои нема да бидат реализирани, ќе биде дадено јасно и транспарентно објаснување пред македонската јавност.

„Законот за енергетика е донесен и усогласен со Канцеларијата на Европската комисија. Но според оценката на Комисијата, тој не се смета како целосно завршен, поради неизработени подзаконски акти и незавршен маркет-каплинг, кои зависат од процеси на ниво на Европската Унија. Ставот на Владата е дека законот е донесен и оти за овие обврски треба да се утврди нов рок до декември 2026 година.“ – додаде Мицкоски.

„Како втор чекор беше посочена реконструкцијата на објекти во државна сопственост со примена на мерки за енергетска ефикасност, со јасен план за опфат од 3% на годишно ниво во следните три години. Приоритетите се веќе утврдени, формиран е надзорен комитет, а на следната владина седница Министерството за енергетика и Министерството за финансии ќе бидат задолжени да обезбедат финансиски средства, по што овој чекор ќе се смета за завршен пред Нова година.

Третиот чекор, што е во енергетиката, е во однос на либерализација на пазарот на електрична енергија за граѓаните: весно рековме дека нема да го исполниме. Ако ова се случи и ако не продолжиме да ја субвенционираме електричната енергија, граѓаните ќе добијат сметки за електрична енергија од 50-70 отсто поскапа сметка од сегашната. Рековме дека свесно нема да го спроведеме.“ – иистакна премиерот Мицкоски.

Во однос на усогласувањето на Изборниот законик согласно со препораките на ОБСЕ/ОДИХР од изборите во 2024 година, беше најавено дека Министерството за правда, заедно со пратеничките групи, ќе подготви соодветен документ, по што ќе следи политички дијалог. Донесувањето на измените се очекува по завршувањето на дополнителните избори, по средината на јануари. Околу чекорите за правосудството и измените на законите, премиерот Мицкоски истакна: „За чекорите, кои се однесуваат за правда, за законот за судски совет, законот е изготвен и е одобрен од Венецијанската комисија. Во собраниска процедура е и очекувам на почетокот на следната година да биде изгласан“.

Во секторот транспорт тој посочи дека е изработен план за реструктуирање на двете државни железнички компании – МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт, во соработка со експерт од Европската Унија. Планот е доставен до Европската комисија и по добивањето на одговорот ќе биде ставен на разгледување и усвојување на владина седница, со што овој чекор ќе се смета како завршен.

Во оптимизацијата и дигитализацијата на јавните услуги, премиерот истакна дека Катастарот ги завршил сите предвидени чекори, МАЛМЕД реализирал 9 од 19, додека останатите институции, вклучително и Министерството за економија и труд, засилено работат на исполнување на обврските. Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата и институциите продолжуваат со засилено темпо на работа, при што голем дел од чекорите се веќе реализирани или се во завршна фаза, а средствата постепено се ослободуваат. Од април, како што истакна, државата ќе влезе во целосен реформски колосек како ниедна друга земја од Западниот Балкан, со навремено и доследно исполнување на обврските. Едновремено беше најавена и засилена работа на планот „роаминг како дома“, со цел македонските граѓани да користат мобилни услуги без дополнителни роаминг-трошоци.

Нетпрес

 

Најнови вести од: Македонија

Без ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје – следува преродба на градот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје.

Нападот на СДСМ врз Героски отвора можност за две истраги на Јавното обвинителство

За втората основа ќе биде интересно да се анализира како се движеле парите од јавните кон тајните сопственици на Слободен Печат што може да доведе до истрага за кривични дела поврзани со финансиски криминал

Касами: Го бараме најдобриот модел час поскоро коалицијата Вреди да стане една партија и за избор на нејзин лидер

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами, кој е и еден од лидерите на коалицијата Вреди, денес се осврна на спојувањето на оваа коалиција во една партија. За ова, тој нагласи дека се во комуникација со сите функционери на Вреди. Касами додаде дека секој член на секоја партија има право да ги искаже своите ставови за натамошниот пат на Вреди, за да можат, како што рече, да го пронајдат најкраткиот и најдобриот пат да стане Вреди една политичка партија час поскоро.

Стандардот, минималецот, струјата и балансерот на политички мегдан – жестока дебата во Собрание

Жестока расправија во Собранието меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче за енергетската криза, поскапувањето на струјата и политичките обвинувања.

Шиповиќ: Половина од Извршниот одбор се „омрсија“ додека беа на власт! Оваа банда на криминалци ни го украдоа СДСМ!

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен претседател на Советот на скопската општина Центар Мирослав Шиповиќ се нареди меѓу оние социјалдемократи, кои  жестоко го критикуваат сегашното партиско раководство дека е заинтересирано само за лични придобивки. Тој е член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски беше градоначалник.

Најнови вести

To top