Свет

САД предвидуваат мир во Украина во следните 90 дена

Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер смета дека е можно да се изнајде Мировно решение во Украина наредните 90 дена

 

 

 

„Мислам дека ги решивме повеќето прашања, па затоа се приближуваме (до крајот на војната). Поблиску сме од кога било“, изјави Витакерј за Фокс њуз и додаде: „Ако (конфликтот) заврши, тоа ќе се случи во следните 90 дена“.

Во исто време, Витакер призна дека „сè уште има прашања што треба да се решат за да можат двете страни да постигнат договор“.

Американскиот функционер, исто така, изрази увереност дека единствената причина за напредок во решавањето е присуството на Трамп како претседател на САД.

„Тој е во состојба да ги донесе двете страни на преговарачка маса за да ја продолжат дискусијата. Да се ​​надеваме дека ова ќе продолжи и дека ќе можеме да го решиме овој проблем што е можно поскоро“.

„Суштината е дека на крајот сè ќе зависи од територијата и како ќе биде поделена – дали ќе биде демилитаризирана зона или зона на економски можности. И бидејќи во основа ги решивме безбедносните прашања со Украинците, мислам дека Русија, да речеме, нема да има забелешки за тоа.“

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top