Јавно реагирајќи на состојбите во Извршниот одбор на партијата, Мирослав Шиповиќ во објавата на фејсбук искажа незадоволство, поради однесувањето на дел од раководството, кое според него, наместо чесна работа и визија, се насочило само на лични интереси и позиции.
„Длабоко потресен и емотивно вознемирен од сениорскиот дел на Извршниот одбор на партијата. Сѐ мој до мојот, загубар до загубар. Ниеден нема, што чесно работел за партијата и кој има чесни намери. А ги има барем половина што се омрсиле кога биле на власт. Само ги интересира да бидат први на листата на следните парламентарни (избори), бидејќи еден влегува сигурно. Најголем бранител онаа несреќа од поранешен… претседател, и после Српче ја продал. Абе овие ја УКРАДОА од нас партијата, банда криминалци.“ – пишува Шиповиќ.
СДСм последниве седмици објавува остри јавни коментари за сите неистомисленици, а денеска го нападна и поранешниот градоначалник на општина Центар, што ја освои функцијата како кандидат токму на СДСМ.