Македонија

Независниот Менди Ќура во трка за градоначалник на Струга

Најавува дека ќе го понуди своето искуство од економијата во служба на градот, со акцент на младите, инфраструктурата и локалната правда и бара поддршка од сите – без оглед на етничка или политичка припадност

Бизнисменот Менди Ќура објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Струга како независен кандидат, а неофицијално, неговата кандидатура ќе ја поддржи и владејачката коалиција „Вреди“.

„Ова не е трка за власт, туку повик за обединување“, вели Ќура во објава на Фејсбук, најавувајќи програма базирана на транспарентност, развој и инвестиции.

Иако во „Вреди“ сè уште нема официјална одлука за градоначалнички кандидат во Струга, упатените проценуваат дека Ќура ќе биде нивниот избор под формула „независен со поддршка“, стратегија што албанскиот блок сè почесто ја користи на локално ниво.

Ќура најавува дека ќе го понуди своето искуство од економијата во служба на градот, со акцент на младите, инфраструктурата и локалната правда. Поддршката ја бара од сите – без оглед на етничка или политичка припадност

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top