Македонија

Над половина од семејствата со повеќе деца едвај крпат крај со крај

Просечно секој петти граѓанин во државата живее во сиромаштија, а според последните податоци на ДЗС за лани, стапката на сиромаштија во земјата изнесува 21,9 %. Најизразена е кај децата до 17 години каде процентуалноста пак достигнува 29,5 % што укажува на тоа дека речиси една третина од младите деца живеат во сиромаштија. Кај вработените лица, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што укажува на присуство на т.н феномен на „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај тоа што имаат работа, остваруваат приходи под прагот на сиромаштија.

Секој петти жител на Македонија лани бил сиромашен, а најтешко живеат семејствата со три и повеќе деца, покажуваат податоците на статистиката. Стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21.9 отсто, пренесе. Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за минатата година врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1 отсто.

Праг на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години) се смета дека е приход од 374 400 денари годишно (6.000 евра), а за самците овој праг изнеусва 178 286 денари годишно (2900 евра).

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top