Македонија

ДУИ со реакција за случајот со креветот

Премиерот сe уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

Премиерот сe уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

Со своите изјави, тој упати клевети без никакви факти, без докази и без никаква одговорност, насочувајќи обвинувања кон жени и мажи кои прво беа понижени со нечовечки услови за работа, а потоа беа претворени во објект на јавен линч.

Во исто време, надлежниот министер Стоилковиќ сè уште нема поднесено оставка, иако под негово раководство беа создадени деградирачки услови за работа и беше дозволена неприфатлива практика на институционален мобинг и етничка дискриминација.

Недостигот од оставка и недостигот од извинување не се случајност. Тие се доказ за владеење што не познава политичка одговорност и што го смета понижувањето на албанските вработени за прашање од втор ред.

Во меѓувреме, ВЛЕН живее во паралелен универзум, потонати во дебати за годишни ротации на лидерството и пазарења за уредување на сопствените фотелји, како ништо да не се случува во државните институции. Додека тие се занимаваат со „аквариумот“ на ротациите, албанските службеници се исклучуваат, понижуваат и етикетираат во државната администрација – без заштита, без достоинство и без глас.

Ова е намерна политика на исклучување и заплашување, придружена со ароганција.

ДУИ повторно и недвосмислено бара: јавно извинување од Премиерот за клеветите и навредите кон вработените и нивните семејства, итна оставка од надлежниот министер и имедијатно запирање на дискриминаторските практики кон Албанците во државните институции.

Секој ден без одговорност ја однесува оваа влада сè подлабоко во морална и политичка криза. Човечкото достоинство не е тема за ротација, туку црвена линија што не смее да се премине, стои во соопштението на ДУИ испратено до медиумите.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top