Бизнис

Платите да растат сега и веднаш, бараат синдикатите – инфлацијата не била поради ниските работнички плати

Синдикатите најавија протести и штрајкови ако не се покачи минималецот, вели Слободан Трендафилов од ССМ. Според него, работниците се попродуктивни од тоа што работодавците сакаат да прикажат. Тој зборува и за разликите во потрошувачките кошници на власта и синдикатот, платите во плико, одливот на работници во соседството.

Мора да се зголемат сите плати, ако сакаме да живееме нормално, велат синдикалците, посочувајќи дека македонскиот работник е најсиромашен во регонот и Европа. Според нив, ако не се слушаат аргументите за зголемување на минималната плата остануваат штрајковите и протестите. Во интервју за Радио Слободна Европа, Слободан Трендафилов од ССМ вели дека сето ова е резултат на слабата куповна моќ поради брзото и енормно растење на цените на производите а бавното и незначително зголемување на платите но и обидите на власта како што вели да ги скрати платите и на оние вработени кои се во нешто подобра позиција од минималната.

Осврнувајќи се на ваквата политика на владата која не им оди  во корист на работниците, Трендафилов додава дека и токму тоа е причината поради која дури 10 проценти од  работниците во Хрватска се македонски државјани кои заминуваат од државата.

Паралелно, податоците на ДЗС исто така икажуваат на и на тоа дека стапката на сиромаштија кај пензионерите е 12% што пак укажува на ранливоста на оваа популација во услови на зголемени трошоци на живот. Анализата според типот на домаќинства покажува значителни разлики. Најранливи се самечките домаќинства и оние со издржувани деца. Освен самохраните родители, висок ризик од сиромаштија е забележан и кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца, каде што 54,8 проценти од членовите живеат под прагот на сиромаштија. Кај семејствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца, стапката на сиромаштија изнесува 17,1 процент. За оваа категорија, прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра.

Претходно беше последната седница на ЕСС за оваа година. Договор за зголемување на минималната плата нема. На маса седнаа претставници од Владата и работодавачите да се договорат, но за жал договор нема. 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top