Македонија

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. […]

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 11:50 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце -с.Сиричино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Р.(41) од с.Слатино, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 12:18 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Т.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 12:58 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Н.Б.(25) од Албанија. При контрола со радар е констатирано дека управувала патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки со брзина од 189 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

На 28.12.2025 во 14:44 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.В.(19) од с.Вејце, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
На 28.12.2025 во 13:33 часот на магистрален пат во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода  В.Л.(41) од с.Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
На 28.12.2025 во15:51 часот на магистрален пат во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ј.С.(29) од Турција, со престој во Скопје.

При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
На 28.12.2025 во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(20) од Прилеп. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ стои во билтенот на МВР.

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Најнови вести

To top