Свет

Зеленски бара 50 години безбедносни гаранции од САД и ЕУ

Поучена од лошите искуства од минатото со гаранциите од сојузниците, Украина инсистира на силни безбедносни механизми за одвраќање на идните руски напади

По вчерашната средба со американскиот пртседател Доналд Трамп,  Зеленски денес изјави дека нацрт-рамката за мир предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина во траење од 15 години, но додаде дека побарал од Трамп да ги продолжи на 50 години.

Трамп, од друга страна, сака Европа да ја преземе водечката улога во обезбедувањето гаранции, со поддршка од САД, но специфичната форма на таа поддршка останува нејасна. Русија нагласи дека секое распоредување странски трупи во Украина би било неприфатливо.

Москва, исто така, бара ограничување на големината на украинската армија, заштита на руските говорници и православните верници и неутрален статус за Украина. Киев одговара дека руските говорници се заштитени и дека земјата се придржува до законите на ЕУ и предлага вооружените сили да останат на нивното сегашно ниво од 800.000.

Едно од клучните барања на Путин за завршување на војната е писмено ветување од западните лидери за запирање на понатамошното проширување на НАТО кон исток. Првичните американски мировни предлози вклучуваа клаузула за запирање на проширувањето на НАТО, при што Украина се обврзуваше уставно да изјави дека нема да се приклучи на алијансата.

Според предлогот, Украина ќе добие преференцијален пристап до европскиот пазар додека се разгледува нејзината кандидатура за членство во Европската Унија.

За возврат, украинскиот предлог бара од Соединетите Американски Држави, НАТО и европските земји да ѝ обезбедат на Украина безбедносни гаранции еквивалентни на Член 5 од основачкиот договор на НАТО за взаемна одбрана.

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

Најнови вести

To top