Свет

Американските сили нападнале пристаниште во Венецуела

Трамп изјави дека американските сили уништиле пристаниште во Венецуела, кое го користеле бродови осомничени дека учествуваат во шверц на наркотици

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека американските сили уништиле пристаниште во Венецуела, кое го користеле бродови осомничени дека учествуваат во шверц на наркотици.

Нападот врз пристаништето најверојатно е прв копнен напад врз Венецуела од почетокот на американската воена кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка.

– Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме  областа и таа е исчезната – изјави синоќа Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој не ја откри локацијата на нападот, а и не прецизира дали операцијата ја извршила армијата или ЦИА.

Според Си-ен-ен и Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен со дрон насочен кон изолирано пристаниште, е што го користи венецуелскиот нарко-картел Трен де Арагва за складирање дрога и товарење на бродови за извоз. Во времето на нападот немало никој на местото, па затоа нема.

Американските сили досега извршија околу 30 напади врз бродови на осомничени трговци, при што загинаа речиси 107 лица на Карибите и во Тихи Океан.

Вашингтон со месеци врши интензивен притисок врз Каракас, обидувајќи се да го принуди претседателот Николас Мадуро, кого го обвинува за водење на огромна мрежа за трговија со дрога, да ја напушти функцијата. Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.

Трамп со недели се заканува со копнени напади против наркокартелите во Јужна Америка, но такви напади не се потврдени.

Најнови вести од: Свет

Кина започна со целосната блокада на Тајван: Островот во паника извади “Абрамс” на улица (ВИДЕО)

Вежбите започнаа на 29 декември, само 11 дена по објавата на САД за рекордна продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари. Кинеското Министерство за одбрана ги осуди продажбите како провокација и најави „силни мерки“.

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

To top