Македонија

Мите Стефовски од ВМРО ДПМНЕ нов претседател на Советот на Струга – ВМРО ДПМНЕ: Наместо етноцентризам, стручност и професионалност!

„Ако продолжат деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на Рамиз Мерко да ја држат Струга во целосна парализа, бојкотирајќи го обидот да се избере претседател на Советот, тогаш во март 2026 година ќе се одржат нови предвремени избори за нов советнички состав!“– предупреди на 23 декември 2025 година градоначалникот на Струга Менди Ќира, изнесувајќи ги своите сомнежи дека претставниците на споменатите политички структури имаат формирано тајна коалиција со цел да ги парализираат општинските институции и развојот на општината Струга. Но, со изборот на Мите Стефовски е надмината можната ситуација да мора да се одржуваат нови предвремени избори за општинскиот Совет на Струга.

Мите Стефовски, советник од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес беше избран како нов претседател на Советот на општина Струга. На вонредната седница на Советот тој беше избран со 14 гласови „за“ и со 9 гласови „против“.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ веднаш изреагира во објава на фејсбук по изборот на првиот човек на општинскиот Совет, порачувајќи: За среќа на стружани, мнозинството од избраните советници се одважија и пројавија политичка зрелост и единство, ставајќи ги општите интереси над партиските. После неколку неуспешни обиди да се избере претседател на Советот и да се оформат комисиите, денес и формално правно заврши основањето на Советот на Општина Струга. Ваквиот епилог никако не смее да се толкува како нечиј пораз или нечија победа, со него се отвора ново поглавје во практикувањето на власта, во која сивилото на етноцентризмот (како критериум) ќе биде заменето со стручност и професионалност. Мите Стефоски, советник од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, е избран како претседател на Советот. И нему и на сите советници им честитаме на изборот и им посакуваме успешна и плодна работа во мандатот кој им е доверен. Стружани очекуваат резултати преку капитални инвестиции, отворена администрација, јавни претпријатија, кои ќе ги намалат трошоците и ќе остваруваат квалитетни услуги, подобар квалитет на живот (без загадување и со дислоцирана депонија), повеќе пари за образованието, спортот и културата, подобри патишта и поорганизирана сообраќајна инфраструктура, ставање крај на урбаниот хаос и сѐ што значи достоинствено и квалитетно живеење. На последниот ден од годината, што изминува, ќе посакаме сѐ што било лошо да остане во минатото, а во  Новата година здравје, успех и напредок.“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

To top