Мобилен царински тим спречи голем обид за шверц на пиротехника на граничниот премин Блаце. Во акцијата се запленети вкупно 40.872 парчиња петарди и огномети, кои биле наменети за црниот пазар во пресрет на празниците

Сакал да ги прошверцува во земјава,.македоски граѓанин од Гостивар  со возило со швајцарски регистарски таблички.

„При претресот, царинските инспектори забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства“, откриваат од Царинската управа.

Истрагата покажала дека опасниот товар бил набавен во Приштина. Против гостиварецот е поднесена кривична пријава за неовластено тргување со оружје и експлозивни материи.