Свет

Трамп разгледува воена опција за Гренланд: Белата куќа го прогласи Гренланд за приоритет на националната безбедност

Белата куќа во вторникот соопшти дека претседателот Доналд Трамп разгледува низа опции за преземање на Гренланд, јасно нагласувајќи дека употребата на американската војска не е исклучена.

Белата куќа во вторникот соопшти дека претседателот Доналд Трамп разгледува низа опции за преземање на Гренланд, јасно нагласувајќи дека употребата на американската војска не е исклучена.

„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека преземањето на Гренланд е приоритет на националната безбедност за Соединетите Американски Држави и дека одвраќањето на нашите противници во арктичкиот регион е клучно. Претседателот и неговиот тим разгледуваат голем број опции за постигнување на оваа важна цел на надворешната политика и, секако, употребата на американската војска е секогаш опција достапна за врховниот командант“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за Си-Ен-Ен.

Изјавата доаѓа по сведочењето на државниот секретар Марко Рубио пред пратениците, каде што тој спомна можност за купување на Гренланд, намалувајќи ги стравувањата од воена интервенција, според извори запознаени со разговорите.

Аспирациите за Гренланд – самоуправна територија на Данска богата со ресурси – не беа јавно истакнувани во последните месеци, но официјални лица продолжиле да разговараат зад затворени врати. На барање на тимот на Рубио, Стејт департментот изработил анализа на неискористените ресурси, вклучително ретки земјини метали. Заклучокот е дека нема сигурни студии за нивниот обем, а пристапот би бил исклучително скап поради екстремните услови и недостатокот на инфраструктура.

Трамп неодамна изјави: „Ни треба Гренланд од перспектива на националната безбедност, а Данска нема да може да го обезбеди тоа“.

Обновениот интерес доаѓа во контекст на поекспанзионистичка надворешна политика на администрацијата, по операцијата во Венецуела.

Европските лидери, вклучително од Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска, во вторникот изразија поддршка за Данска, истакнувајќи дека безбедноста на Арктикот мора да се обезбедува колективно во рамките на НАТО.

Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека евентуален американски напад врз Гренланд би можел ефикасно да го уништи НАТО.

Гренланд побарал средба со Рубио по неодамнешните изјави на администрацијата на Трамп.

Ситуацијата предизвикува тензии во трансатлантските односи и прашања за иднината на соработката во Арктикот.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top