Свет

На Божиќ далечната 1943 почина еден од најголемите умови на човештвото

Комеморацијата во 1943 година беше достојна почeст за генијот чии идеи ги поставија темелите на модерната електротехника и технологија.

Еден од најголемите умови на човештвото, Никола Тесла, почина сам на Божиќ, 7 јануари 1943 година, во Њујорк, каде што живееше речиси шест децении. Неколку дена подоцна, на 10 јануари, во катедралата „Свети Јован Богослов“ се одржа комеморација на која присуствуваа околу 2.000 луѓе.

Според биографот Марк Сајфер, веста за Теслината смрт била тажна дури и за првата дама на САД, Елеонор Рузвелт. Комеморацијата ја водеше градоначалникот на Њујорк, Фиорело Ла Гвардија, кој ја прочита посмртната беседа напишана од словенечкиот писател Луј Адамич.

На собирот присуствуваа бројни научници и добитници на Нобелова награда, а ковчегот на Тесла го носеа познати личности, меѓу кои и пронаоѓачот на FM радиото, Едвин Армстронг. Сајфер истакнува дека Тесла можел да стане најбогатиот човек во Америка, но наместо тоа се посвети на напредокот на човештвото.

Во последните десет години од животот, Тесла живееше во хотелот „Њујоркер“ и во тој период разговараше со високи американски и британски функционери за можности за завршување на Втората светска војна.

Тесла остави зад себе над 700 патенти, од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 земји на пет континенти. Неговите достигнувања денес се изложени во престижни институции како Смитсонијан во Вашингтон и Куќата на славните пронаоѓачи во Акрон, Охајо.

Комеморацијата во 1943 година беше достојна почeст за генијот чии идеи ги поставија темелите на модерната електротехника и технологија.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top