Хроника

Различноста како предност, не како пречка: искуства од работа со групи од различни култури

Интервју со Катерина Златановска Попова од ПОЗИТИВО Скопје и д-р Александра Шчибич-Копиец од Фондацијата ФЕРИ, Полска

Катерина Златановска Попова од ПОЗИТИВО Скопје и д-р Александра Шчибич-Копиец од Фондацијата ФЕРИ (Полска), се искусни обучувачки на возрасни со богато, повеќегодишно меѓународно искуство.

Преку нивната работа во европски образовни и младински проекти, тие со години работат со групи од различни култури, развивајќи програми за социјална инклузија, емпатија, интеркултурен дијалог и справување со конфликти, и јакнење на вештините неопходни за живот, образование и работа во современо мултикултурно општество.

Во последните 3 години се блиски соработнички покажувајќи вистински пример за за интеркултурна соработка, меѓусебна почит, отворена комуникација и успешно градење партнерства што ги поврзуваат луѓето и заедниците надвор од културните и националните граници.

Expres.mk: И двете имате долгогодишно искуство во работа со мултикултурни групи. Што значи различноста во пракса – особено од перспектива на обучувачите?

Катерина:
За мене, различноста не се сведува само на националност, јазик или религија. Таа ги вклучува и вредностите, начинот на размислување, стиловите на учење и очекувањата. На пример, на мојата прва работилница во Полска работев со група во која дел од учесниците имаа слабо познавање на англискиот јазик. Наместо тоа да го доживееме како пречка, ги охрабрив да зборуваат на полски, за да можат полесно, послободно и поцелосно да се изразат. И, иако не го разбирав јазикот во целост, тогаш сфатив која е моќта на емпатијата и активното слушање, бидејќи можев да ги почувствувам емоциите. Со помош на превод, визуелни алатки, гестови и прилагодување на темпото на работа, комуникацијата постепено се воспостави и течеше во двете насоки без задршка. Тогаш стана јасно дека различноста во јазикот не е слабост, туку можност за учење, а управувањето со ваква разновидна група – вистински предизвик, но и голема вредност за сите, и за мене како едукатор и за нив како учесници.
А, искрено, првиот тест за интеркултурна подготвеност често го полагаме ние обучувачите меѓу себе – во нашиот случај, ускладување на нашите заеднички активности поради различниот период на славење на Божиќ, што ни покажа дека различноста најдобро се разбира со малку трпение и многу почит.
Александра:
Целосно се согласувам со Катерина. Би додала дека различноста е и огледало на пошироките општествени процеси што денес нè опкружуваат – миграции, генерациски разлики, различен социјален и професионален контекст. Учесниците не доаѓаат само со својата култура, туку и со лични приказни, искуства и понекогаш со несигурности кои директно влијаат врз начинот на кој учат и се вклучуваат.
Како обучувачи, нашата задача не е да ги „вкалапиме“ луѓето, туку да создадеме безбеден простор во кој секој може да се изрази со темпото и на начинот што му одговара. Кога тоа ќе се постигне, различноста престанува да биде извор на недоразбирања и станува силна основа за учење, соработка и вистинско поврзување меѓу луѓето.

Expres.mk: Кои се најчестите предизвици при работа со вакви групи?

Катерина:
Како што веќе споменав во мојот пример, првиот предизвик речиси секогаш е јазикот. Дури и кога сите зборуваат англиски, нивото на сигурност и изразување е различно. Вториот се стереотипите – често несвесни, но присутни. Третиот е судирот на очекувања. Во некои култури, поставување прашања до обучувачот се смета за непочитување, додека во други – за знак на активност и интерес.
Александра:
Од аспект на управување со проекти, би додала и различно разбирање на времето, роковите и одговорноста. Во меѓународни тимови, истото правило може да се толкува на сосема различен начин, што лесно води кон недоразбирања доколку не се разговара отворено.
Покрај тоа, како што веќе спомена Катерина, силен предизвик се и стереотипите и предрасудите – често скриени, автоматски и несвесни, но со големо влијание врз однесувањето и комуникацијата во групата. Токму затоа, преку Еразмус + проектот „Градење на општествени врски“ работиме на препознавање и разградување на овие модели на размислување, нудејќи конкретни алатки за дијалог, емпатија и соработка во разновидни средини. Се надеваме дека обучувачите, посебно оние кои работат со млади ќе сакаат подлабоко да се запознаат со темите и практичните материјали развиени во рамки на проектот, кои можат бесплатно да ги преземат на платформата www.feriplatform.org.pl

Expres.mk: Како различноста може да стане ресурс, а не пречка?

Катерина:
Преку методи кои им даваат простор на сите: работа во мали групи, улоги, мапирање на културни и лични искуства. Кога учесниците ќе видат дека нивната перспектива е важна, различноста станува извор на креативност и поврзување.
Александра:
И преку свесна рефлексија. По секоја активност ги прашувам: „Што научивте од некој кој размислува поинаку од вас?“ Токму тука различноста се претвора во конкретен образовен резултат.

Expres.mk: Кои вештини се неопходни за обучувачите денес?

Катерина:
Флексибилност, емпатија и способност да се поставуваат вистинските прашања. И храброст – да не се избегнува конфликтот, туку да се користи како алатка за учење.
Александра:
И стратегиско размислување. Поврзување на искуствата од групата со пошироки теми како активното граѓанство, инклузијата и одржливиот развој. Обучувачите не се само фасилитатори, туку и пример како различноста може да донесе општествена промена.

Expres.mk: Која е најважната лична лекција што ја научивте низ вашата работа, но и низ вашата соработка?

Катерина:
Дека различноста не е проблем што треба да се реши, туку потенцијал што треба да се отклучи.
Александра:
Дека и ние, како обучувачи и лидери, постојано учиме. Секоја група нè учи нешто ново за иднината на образованието и општеството. И дека имаме толку многу работи кои можат да нè поврзат, ако престанеме упорно да се фокусираме на разликите. Доколку ми дозволите, за крај, би сакала да им посакам среќен Божиќ на сите кои го слават денес овој празник. И да, изгледа ќе треба да си ја испробам среќата за Василица бидејќи Катерина ми кажа дека вчера не се паднала паричката кај мене (ја замолив да ме вклучат и мене во делењето на лепчето, хихихи)

Најнови вести од: Хроника

МВР за шокантниот случај: 15-годишниот гостиварец цела година ја вознемирувал 13-годишната сестра, а пред 3 месеци ја силувал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за подготвителна постапка и предлог за притвор за 14-годишно дете, поради основано сомневање дека извршило продолжено кривично дело родосквернавење.

Затвор од 8 години доби Штекли, а со другите тројца од групата вкупно 26 години и 10 месеци, кои заедно продаваа низ Скопје еден грам кокаин за 100 евра!

Со пресуда на основниот суд во Скопје Раде Трајковски Штекли доби затворска казна од 8 години, а останатите тројца членови на организираната група, која се занимавала со незаконска трговија со дрога, добија тројца по 5 години и еден доби затвор од 3 години и 10 месеци. На Штекли и неговата група им се судеше безмалку една година.

Газдата на изгорениот „Пулс“ Деко нема да оди во куќен притвор, поради негативното мислење на Обвинителството за таквото барање

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. Барање за куќен притвор поднесоа и други обвинети за пожарот во „Пулс“.

Доживотен затвор за Денис Асанов (74) за чудовишното убиство на Борјанка Николова (79) од Штип, на која и ги отсекол главата и нозете, а телото го распарчил

Асанов ја убил Николова и со остар предмет, ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место

Акција на МВР околу незаконскиот интернет-пазар „OLVX“ во тетовска Голема Речица – ФБИ од САД вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на случајот, заради идентификација на сите вмешани лица и обезбедување релевантни докази, согласно со важечките законски прописи.

Брутална тортура од три повозрасни девојчиња врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, ја гореле со цигара и ја присилувале да јаде измет од куче!

Родители пријавиле морничав злосторнички случај на врсничко насилство меѓу ученички од основно училиште во Општината Ѓорче Петров, објави Вечер Прес.

Најнови вести

To top