Свет

Европските доселеници извршиле геноцид врз Абориџините

Кога европските доселеници пристигнале во Австралија во 1788 година, имало околу еден милион Абориџини. Денес, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони жители на Австралија

Европските доселеници извршиле геноцид врз Абориџините

Европските доселеници извршиле геноцид врз австралиските Абориџини, според наодите од истрагата на комисијата во југозападната држава Викторија, која ја повикува владата да спроведе мерки за репарација, пренесуваат медиуми.

Комисијата, која започна со работа пред четири години, во својот извештај нагласува дека Абориџините биле жртви на масакри, дека децата биле одземени од нивните семејства и дека нивната култура била нападната со цел да се асимилираат. „Ова е геноцид“, заклучува извештајот.

Меѓу своите препораки, комисијата се залага за финансиска компензација на Абориџините за претрпената штета, како и за враќање на нивните предци.

Премиерката на државата, Јасинта Алан, ѝ се заблагодари на комисијата, уверувајќи ја дека нејзината влада „внимателно ќе ги разгледа“ нејзините препораки. Наодите „ги истакнуваат тешко сварливите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите Викторијанци“, рече таа во соопштение.

Кога европските доселеници пристигнале во Австралија во 1788 година, имало околу еден милион Абориџини. Денес, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони жители на Австралија. Австралија долго време се бори да го намали јазот во здравјето и благосостојбата помеѓу домородното население и остатокот од населението.

Очекуваниот животен век за овие малцинства е околу осум години пократок од националниот просек, а нивната затворска популација продолжува да расте. „Сегашните економски нееднаквости и пречките за просперитетот на Првите Нации се директно наследство од колонијалните практики и исклучувањето санкционирано од државата“, се вели во својот извештај на комисијата.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top