Македонија

Во Прилеп по дваесетти јубилеен пат – Божиќен ручек за 500 деца од Македонија

Во организација на Детската амбасада „За сите деца во светот“

Преку радосното биење на камбаните, околу 500 деца од цела Македонија, денеска го посведочија објавувањето на најторжествената вест за Рождеството на Богомладенецот Исус Христос. Традиционално, по дваесетти јубилеен пат, Прилеп беше домаќин на Божикниот ручек, кој од 2006-та година го организира Детската амбасада „За сите деца во светот“. На заедничката празнична трпеза седнаа деца од повеќе градови, од различни целни групи и различна вероисповед, промовирајќи ги: љубовта, еднаквоста, меѓусебната почит, толеранцијата и ненасилната комуникација.

Во духот на верата и традицијата, Божикниот ручек, годинава за прв пат го благослови Величкиот епископ Никола, а по претходно допуштение од надлежниот архијереј, митрополитот г. Петар.

„Како што дојдовме денеска да се поклониме во храмовите на нашата Црква на Богомладенецот Христос, така на еден начин дојдовме и тука да се собереме и да се поклониме на чистотата, на убавината на детската  возраст – изјави г. Никола, Велички епископ.

Прославата на Христовото раѓање и годинава се одбележува под мотото „Едно небо за сите деца“, велат организаторите, кои редовно – потпомогнати и од Општина Прилеп, уверуваат дека оваа нивна заложба ќе ја остават во наследство и на идните генерации.

„Целта на овој настан е овие дечиња да не познаваат разлики меѓу нив, да има толеранција и другарството да расте“, – кажа Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на ДА „За сите деца во светот“.

„Општина Прилеп продолжува да биде пионер во создавањето на нови традиции, ако може така да се каже, во оваа држава. Ја завршивме 2025 со јубилеј 20 години прослава на Патрониот празник „Св. Никола“ на град Прилеп, а ја почнуваме Новата 2026 година со уште една новосоздадена традиција – 20-ти пат Божикен ручек кој што го организира ДА „За сите деца во светот“, – посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Годинава, најпрестижното признание на овој настан – меѓународниот „Орден за носител на мирот“ и’ беше доделено на амбасадорката на сите деца во светот, Гордана Нацева.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top