Македонија

Газдата на „Дурмо турс“ се пријави во затворот „Идризово“

Дурмиш Белули ќе го започне издржувањето на затворската казна од 10 години, изречена поради тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули,вчера  се пријави во затворот „Идризово“ за да го започне издржувањето на затворската казна од 10 години, изречена поради тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци.

Во несреќата, по превртувањето на технички неисправен автобус загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).

Информацијата за СДК ја потврди директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

 

Извршувањето на казната беше повеќепати одложувано поради здравствени причини. На почетокот на декември 2025 година, Белули доби уште едно одложување, откако достави медицинска документација дека треба да биде подложен на уште една хируршка интервенција, по претходна операција извршена во октомври истата година. Одлуката за одложување важеше до средината на декември.

Во меѓувреме, Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на „Дурмо турс“, кој, исто така, беше осуден на 10 години затвор за истата несреќа исчезна и по него е распишана потерница.

И Белули и Мифтари добија правосилни пресуди на 9 мај 2025 година, кога Апелациониот суд во Скопје значително им ги зголеми казните – на Белули од четири на 10 години, а на Мифтари од шест на 10 години затвор.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top