Бизнис

Инфлацијата за 2025 изнесувала 4,1%, што ќе донесе 2026 година?!

Инфлација од 4,1 отсто на годишно ниво измери статистиката. За една година најголем скок на цените е регистриран кај храната и безалхохолните пијалаци, но значително поскапеле и рестораните и хотелите, како и културата и рекреацијата. Цените на мало, пак, бележат скок од 3,6 отсто во 2025 во споредба со 2024-тата. Поскапело речиси се, на секое поле.

Декември убедливо најскап месец во годината. Живејачката на годишно ниво за 2025 поскапа за 4,1%, а цените на мало пораснале за 3,6%, измери државната статистика. Инфлацијата, пак, во декември лани, во однос на ноември 2025 е 0,4%. Лани, најмногу поскапел транспорт за 5.8%, потоа рекреација и култура за 0.8%, здравје за 0.7%, мебел, и одржување на домаќинствата за 0.5%, ресторани и хотели за 0.4%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%, алкохолни пијалаци, тутун за 0.1%.

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци за 0.4 % и кај облеката и обувките за 0.2%.

Овошјето за над 17%, безалхолхолните пијалоци за 16, месото над 7, млекото и млечните призводи над 6 отсто. Единствено лани сме јаделе поевтин зеленчук. И додека во светот цените паѓаат, растот кај нас е драстичен. Виновни за високите цени, според анализите на владата се маркетите, кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики и ставаат високи маржи. Докази велат дека има и најавија клуч на врата ако продолжат да го кршат законот.

Од Владата најавија засилени инспекциски контроли и законски измени со повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики. Од Владата кажаа дека инфлацијата ќе се стабилизира. Засилени контроли и клуч на врата на сите маркети кои го изиграа законот со нефер трговски практики, најави владата. Со законски корекции и строги казни ќе се стега обрачот околу трговците кои ставаат цени од ракав, со што се удира врз стандардот на граѓаните.

Колку за потсетување, првичните планови на државата беа инфлацијата во 2025-та да се спушти на дури 2,8 отсто, а потоа ја ревидираа на 3,9%. Пониска инфлација од 2,5 отсто се очекува оваа година.

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top