Македонија

Ќе го препознаете ли сега до пред две години најмоќниот македонски политичар

Никој не може да избега од вештачката интелигенција

Во информациите од соседството екс вицепремиерот и најмоќен човек во владата на СДСМ од 2017 до 2024 година сега пуштил брада и низ Косово се движи со две деца.

 

Како изгледа Артан Груби со брада сега не е тешко да се претпостави ако се користат алатките за вештачка интелигенција кои даваат можност некому да му се додадат брада, бркови или фризура.

Според косовските медиуми бегалецот од правдата и човекот од Црната листа на САД за корупција Артан Груби сега има брада веројатно со цел да не биде лесно препознаен од косовските или македонските граѓани во Приштина каде што според информациите се наоѓа.

Вештачката интелигенција дава можност да се направи и фото робот на Груби ако се реши да пресади коса како што тоа го сторија негови блиски партиски другари од ДУИ.

 

Најнови вести од: Македонија

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа. Патниците пријавуваат чекање со часови, технички тешкотии и целосен недостаток на […]

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Најнови вести

To top