Македонија

Двајца малолетници наместо да застанат на „стоп“ удриле полицаец со мотор во скопски Карпош, па уследила бркотница по нив

Тежок инцидент се случи ноќеска во скопската населба Карпош, кога е повреден полициски службеник. СВР Скопје информираше дека се уапсени двајца 16-годишни малолетници по брканица низ булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Инцидентот се случил десет минути по полноќ, кога полициска патрола се обидела да запре мотоцикл, кој се движел без регистарски ознаки. Наместо да застане, возачот-малолетник дал гас и со моторот удрил во еден од полицајците, нанесувајќи му телесни повреди.

Од полицијата велат дека апсењето не поминало мирно. „Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници“, се наведува во официјалното соопштение на МВР.

Двајцата малолетници се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат уследат соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Македонија

Деспотовски: Раководството на СДСМ се крие зад името на партијата за лични цели

Јован Деспотовски, член на СДСМ, во своја објава остро го критикува однесувањето на дел од моменталното раководство на партијата, обвинувајќи ги дека го користат името на СДСМ за лични агенди и потреби.

To top