Бизнис

Повлечени 70 илјади возила на БМВ поради проблем со софтверот

Сопствениците ќе бидат официјално известени за повлекувањето на 5 август.

BMW повлекува повеќе од 70.000 електрични возила во Соединетите Американски Држави поради софтверска грешка што може да предизвика ненадејно губење на моќноста при возење, објавува Carscoops.

Повлекувањето опфаќа неколку модели – i4, i5, i7 и iX – произведени помеѓу 2022 и 2024 година, пренесе Индекс. Проблемот е во софтверот на погонскиот систем, кој може погрешно да ја прочита состојбата на електричната изолација и затоа автоматски да го исклучи високонапонскиот систем во електричните возила.

 

Поточно, софтверот може погрешно да ја детектира состојбата на таканаречената двојна изолација, што иницира безбедносно исклучување на погонот приближно 15 до 20 секунди по појавата на предупредувањето. Иако управувањето и сопирањето сè уште функционираат во тој момент, возилото губи влечна сила и продолжува да се движи.

 

Повеќегодишна истрага

 

БМВ започна истрага за овој проблем уште во 2021 година. Првично, се сомневаше дека причината се нечистотиите што влијаат на работата на електричните мотори, но поради многу малиот број пријавени случаи, проблемот не можеше прецизно да се утврди во тоа време.

 

По неколку години тестирање, производителот откри дека софтверот не прави прецизна разлика помеѓу вистинската состојба на двојната изолација – што бара исклучување на системот од безбедносни причини – од помалку сериозни отстапувања. Таквото исклучување е за да се спречи електричен удар или прегревање.

 

Досега, BMW доби 43 пријави поврзани со овој проблем, претежно при брзини над 32 км/ч. Ниту еден од пријавите не вклучува несреќа или повреда. BMW вели дека ќе го реши проблемот со ажурирање на софтверот на погонскиот систем – преку етерот или во овластен сервисен центар. Сопствениците ќе бидат официјално известени за повлекувањето на 5 август.

Најнови вести од: Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

To top