Регион

Радев го понуди, ГЕРБ-СДС го врати мандатот за формирање бугарска влада

Се поизвесно е дека Бугарија се движи кон нови предвремени парламентарни избори

Парламентарната група ГЕРБ-СДС го доби и веднаш го врати првиот мандат за формирање бугарска влада како неуспешен.

На средбата со претседателот Румен Радев се појави само премиерот во оставка Росен Жељазков.

Така, првата можност за формирање кабинет беше исцрпена за помалку од 10 минути.

Претседателот сега треба да му го предаде вториот мандат на  “ПП-ДБ, кои исто така најавија дека ќе го вратат.

Ова ќе се случи во наредните денови, рече претседателот, без да прецизира кога.

Доколку и тие не успеат да го исполнат мандатот, самиот шеф на државата избира на која друга политичка сила во Народното собрание да ѝ ја додели последната шанса за формирање влада.

Лидерот на „Продолжување на промените“ Асен Василев за Бугарското национално радио изјави дека „….уште кога владата на премиерот Росен Жељазков поднесе оставка рековме дека треба да одиме на нови избори што е можно побрзо, па затоа ќе го вратиме мандатот во моментот на неговото добивање“, истакна Василев.

Тој истакна дека ако се погледне календарот, вистинскиот датум за новите предвремени парламентарни избори е 29 март, бидејќи по тоа е пролетниот распуст на училиштата, а потоа Велигден.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top