Тежок инцидент: Му побарале возачка, тој со автомобилот удрил полицаец
Вчеравечер на наплатната станица „Миладиновци“ струмичанец откако бил сопрен од полицијата поради легитимирање, но со автомобилот удрил во еден полицаец а потоа избегал. Педесет минути подоцна бил уапсен на наплатната станица „Преод“.
1 минута за читање
Станува збор за Б.П. (68) од Струмица, кој управувал автомобил „фиат браво“ со струмички таблички.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, вели МВР.