Македонија

Со дефиле на маските започнува Вевчанскиот карневал

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во светот

Денеска околу 15 часот официјално започнува Вевчанскиот карневал, една од најстарите и најпрепознатливи карневалски манифестации во Македонија и пошироко на Балканот.

Илјадници посетители од земјата и странство се очекува да пристигнат во Вевчани за да бидат дел од оваа автентична прослава исполнета со сатира, хумор и народна традиција.

Сè е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал, кој денес и утреќе се одржува низ улиците на Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Забавниот дел од манифестацијата започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадерс“. Традиционално, забавата ќе продолжи и утревечер со фолк-музика, за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, а вечерта треба да заврши со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

Во рамки на карневалот, кој традиционално се одржува на 13 и 14 јануари, предвидени се бројни културно-забавни настани, концерти и дружења, а кулминацијата ќе биде утре со симболичното палење на карневалската маска и прочистувањето од злите духови.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар околу 15 века, започнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва – Горна и Долна маала.

Неизоставен дел од карневалот се зетот, невестата, двата ѓавола, Глупавиот Август и бројни други маски инспирирани од актуелните политички и општествени случувања.

Секое карневалско издание за вевчанци е посебно доживување. Тие велат дека ќе кажат сè, но до самиот почеток на дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката на маските, според нив, е сложен и креативен процес кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

 

Најнови вести од: Македонија

Героски: Филипче нема иднина и го претставува наследникот, за да не мора тоа да го стори оној на јахтата во Паљури, што одлучува во СДСМ!

„Венко Филипче знае дека нема иднина во СДСМ. Неговата последна и сега главна задача е да го претстави човекот, што ќе го наследи после поразот на следните избори. Деновите на Венко Филипче на чело на СДСМ се избројани. Венко ќе потрае најмногу до следните избори, кои можеби ќе се случат многу побрзо одошто очекува тој. И затоа, лидерот во сенка подготвува „ново дете“ што ќе го земе сидрото на Бихаќа во свои раце. Она сидро што се џитка во морето да влече напред…“ – нагласува Бранко Героски во својата колумна со наслов „Ќе биде ли Горан Герасимовски ‘новото дете’ што ќе го замени Венко Филипче на чело на СДСМ?“/

Муцунски на средбата со Варнс со честитки по повод 250-годишнината од независноста на САД – потврдено силното македонско-американско стратегиско партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнес. Соговорниците го потврдија силното македонско-американско стратегиско партнерство, изградено врз заемна доверба, споделени вредности и заеднички стратегиски интереси.

Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега по 7.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите споредено со тоа како било претходно.

Бојковска: Македонија забрзува, поради реформите, кои ги спроведува Владата на ВМРО ДПМНЕ, за да стане држава според европските стандарди

„ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.“ – нагласува Драгана Бојковска, пратеничка во Собранието на Република Македонија и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање кон јавноста.

To top