Регион

Слави Трифонов за односите со Македонија: Ќе ја гледате ЕУ низ искривена леќа

Лидерот на „Постои таков народ“ одново со критики кон Македонија

 

Лидерот на „Постои таков народ“ Слави Трифонов излезе со став во врска со нападот врз бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, непознат сторител фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен од безбедносните камери на амбасадата.

Проблемот не е во скршеното стакло, туку во ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на некој што не го сакате, па дури ни го мразите, нагласува Трифонов за БГНЕС.

Тој истакна дека пред години бил во Скопјe и видел огромен знак со големи црни букви: „БУГАРИТЕ УМИРААТ“ во близина на бугарската амбасада. Според него, ништо не се променило од тогаш. Трифонов нагласува дека знакот е сè уште таму и не е избришан.

Мудриот бугарски народ има соодветна изрека: „Убавината не може да се постигне со сила“, истакна тој. „Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни натписи, ќе кршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате да имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на морскиот брег во Сончев Брег секогаш кога е можно, ќе ги праќате вашите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена леќа. Објективно кажано, токму тоа го заслужувате“, истакнува Трифонов.

Најнови вести од: Регион

Американски борбени авиони синоќа полетале од аеродром во Софија

Четири виони на американските воздухопловни сили синоќа полетале од аеродромот „Васил Левски“ во Софија во 23:10 часот (по локално време)ќ Видео од настанот бил споделен на социјалните мрежи, јавува „24 часа’.  Според порталот, бугарската влада дала согласност воени авиони на САД да бидат стациониран цо Бугарија во периодот од 17 февруари до 31 мај, како […]

Најнови вести

To top