Македонија

Загина тетовецот Обрад Стојановиќ (76) во запалениот стан, син му повреден

Починатиот Обрад Стојановиќ 42 години работеше како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“, во Тетово. Еден е од основачите на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и негов прв претседател.

Обрад Стојановиќ, 76-годишен пензиониран професор, го загуби животот вчеравечер околу 19 часот во големиот пожар, кој го зафати неговиот стан во станбениот блок 70 во Тетово. Повреден е неговиот син, додека се обидувал да го изгасне пожарот и да му помогне на татко му. Кога пристигнала Пожарната од станот излегувал густ чад. При интервенцијата пожарникарите влегле во запалениот стан каде нашле едно починато лице, а второто било повредено.

„На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица 180 во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О. С. (76) од Тетово, кој починал на местото. Со изгореници се здобил неговиот син М. С. (51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово“, соопшти СВР Тетово.


Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top