Македонија

Грипот ја зеде првата жртва – почина жена

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само во првата недела од годинава се регистрирани 1.725 случаи на грип низ земјава

Како последица на компликации од грип, на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потвдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“.

Состојбата на клиниката останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка. Во моментов се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, главно повозрасни лица.

„Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, појаснува д-р Цана.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само во првата недела од годинава се регистрирани 1.725 случаи на грип низ земјава.

Најнови вести од: Македонија

Со македонски пасош може да се патува во 128 земји

Во регионот, најдобро рангиран е пасошот од Србија (34. место, 136 држави), Македонија и Црна Гора (38. место, 128), БиХ (42. место, 122), Албанија (43. место, 121) и Турција (46. место, 113), а косовскиот е најслабо рангиран (59. место, 81 држава)

Новопримени професионални војници положуваат заклетва

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на професионалните војници.

To top