Свет

Доналд Трамп им се закани на сите земји кои нема го поддржат за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, повторно ги разниша трансатлантските односи со изјавата дека „Гренланд мора да биде под американска заштита“, бидејќи го смета островот за стратешки клуч за безбедноста на САД поради резервите на редки минерали. Трамп не ја исклучи ниту можноста за употреба на сила, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Европа и Вашингтон.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.

  • „Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.

Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот. Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. рашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот. Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.

Претходно, Италија одби да се приклучи на европската мисија во Гренланд, откако министерот за одбрана Гвидо Кросето ја исмеа иницијативата што требаше да ја покаже европската солидарност со Данска, пишува Aнса.

  • Гренланд. Се прашувам зошто. Патување? Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како почеток на шега – рече тој во Рим, со потсмев што го одекна низ европските медиуми.

Кросето јасно стави до знаење дека Италија нема да учествува во мисијата и го повика НАТО да ги координира ставовите на земјите-членки за да се избегнат фрагментирани или симболични акции.

Сличен став изрази и премиерката на Италија Џорџа Мелони. Таа во петокот го повика НАТО да развие „координирано присуство“ во арктичкиот регион за да спречи тензии и да одговори на „мешање од други актери“, објави Ројтерс. Во писмо прочитано за време на презентацијата на италијанскиот владин документ за Арктикот, Мелони рече дека регионот станува сè поважен поради развојот на нови морски патишта и неговите огромни „енергетски и минерални ресурси“.

  • Ние (Италија) сме земја набљудувач во Арктичкиот совет и отсекогаш сме го почитувале меѓународното право, почнувајќи од Конвенцијата на ОН за правото на морето – рече Мелони.

Во писмото се посочува на обновениот фокус на Русија на Арктикот, што вклучува зголемување на нејзиното воено присуство таму.

  • „Овој поасертивен став… во комбинација со јасната демонстрација на кршењето на принципот на неповредливост на границите прикажано во Украина, прво ги натера НАТО, а потоа и Европската Унија да реагираат“, се вели во документот.

Оваа недела неколку европски земји, меѓу кои Франција и Германија, испратија симболичен број војници во Гренланд како знак на поддршка на Данска, која го смета островот за своја автономна територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, повторно ги разниша трансатлантските односи со изјавата дека „Гренланд мора да биде под американска заштита“, бидејќи го смета островот за стратешки клуч за безбедноста на САД поради резервите на редки минерали. Трамп не ја исклучи ниту можноста за употреба на сила, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Европа и Вашингтон.

Најнови вести од: Свет

ЕУ: Војната во Иран не е наша, за Украина нема 90 милијарди евра помош

Две војни на прагот на Европа го засенија вчерашниот 12-часовниот самит на лидерите на Европската Унија, но наместо да преземат конкретни чекори, тие останаа парализирани, неспособни да направат какво било значајно влијание врз кој било од конфликтите

Трмп добива златник со неговиот лик

Златната монета од 24 карати е најновиот обид на Трамп и неговите сојузници да го стават името на претседателот на зградите, владините програми и американската валута откако тој го започнува својот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

To top