Администрацијата на американскиот претседател разгледува можност за создавање „Мировен совет“ за следење на спроведувањето на идниот договор за прекин на војната во Украина, по урнекотт на оној за Газа, објави британскиот весник
„Мировниот совет“ е дел од мировниот план за Појасот Газа, договорен со посредство на Трамп. Ова тело, чиј претседател треба да биде Доналд Трамп, треба да го координира идното управување со палестинската енклава.
Како што изјави за „Фајненшл тајмс“ висок украински функционер вклучен во преговорите со САД, создавањето „Мировен совет“ за Украина, треба да го предводи и американскиот претседател, и е важен дел од предлозите насочени кон прекин на војната во украина.
Советот треба да вклучува претставници на Украина, Европа, НАТО и Русија, а неговата задача е да обезбеди спроведување на идниот мировен план и да го следи неговото почитување.
Засега нема знаци дека Русија е подготвена да се согласи – или дури и сериозно да разговара – за мировниот план од 20 точки договорен од САД, Украина и нејзините западни сојузници. Москва бара територијални отстапки од Украина, што Киев го смета за неприфатливо.
„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори, изјави дека администрацијата на Трамп ја разгледува идејата за користење на шемата на Мировниот совет за да се стави крај на други конфликти, вклучително и во Украина и Венецуела.
Еден од соговорниците на „Фајненшл тајмс“, запознаен со предлозите на САД, рече дека некои сметаат дека администрацијата на Трамп гледа на Мировниот совет „како потенцијална замена за ОН… како еден вид паралелно, неформално тело за решавање на други конфликти, не само во Газа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го објави составот на „Мировниот совет за Газа“, каде што, според Трамп, седат имиња од тежок калибар како поранешниот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД Марко Рубио и бугарскиот политичар Николај Младенов.